35-годишен пациент меѓу денешните починати од ковид-19, нови 347 заболени
Единаесет лица починаа, а 347 се новозаболени од ковид-19 во изминатото деноноќие, информира Министерството за здравство.
Направените 2.013 теста се преку: ИЈЗ-420, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-187, Биотек-165, МАНУ-109, Клиника „Жан Митрев“-120, Систина со PCR метода-133, лабораторија Лаор-131, Судска медицина-4, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-40, Ремедика-20, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест)-541, УК Пулмологија со алергологија-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на ковид -19.