35 ГОДИНИ ОД ПОСЛЕДНАТА ШТАФЕТА НА МЛАДОСТА Нацистичкиот плакат што го најави крвавиот распад на Југославија

Југославија се распадна во крвава граѓанска војна, а последната Штафета на младоста беше организирана во 1987 година. Инцидентот поврзан со организиацијата на последната штафета, можеби и го најави крвавиот раскол на некогаш братските народи.

3,431

Повозрасните читатели се сеќаваат дека на секој 25 мај, на стадионот на ЈНА во Белград се организираше слет, на кој се пречекуваше Штафетата на младоста, која претходно од рака на рака беше носена од младинците во сите краишта на некогашна Југославија.

Но, Југославија се распадна во крвава граѓанска војна, а последната Штафета на младоста беше организирана во 1987 година. Инцидентот поврзан со организиацијата на последната штафета, можеби и го најави крвавиот раскол на некогаш братските народи.






Дизајнот на последната штафета и идејното решение на плакатот за Денот на младоста му било доверено на љубљанското дизајнерско студио „Нов колективизам“.

Скандалот избил кога било откриено дека плакатот за Денот на младоста е всушност незначително изменета верзија на нацистичкиот плакат на Ричард Клајне од 1936 година, направен за Олимписките игри во Минхен.

На почетокот никој не приметил сличноста, но потоа медиумите почнале детално да известуваат за скандалот, па под притисок на јавноста бил изработен нов плакат.

Што се однесува до штафетата, била изработена од пластика, иако дотогаш сите штафети биле правени од благородни материјали.

Наредната година раководството на Социјалистичката младина на Југославија, донесе одлука со која се откажа организацијата на Штафетата на младоста. По неколку години и Југославија престана да постои.

 

Поврзани содржини