35.000.000 ДОЛАРИ ЗА ЖРТВИ НА МРЕЖАТА НА ЕПСТИН Се спогодија со извршителите на неговиот тестамент

Претходно веќе беше воспостави фонд за отштета од кој на жртвите од тестаментот им беа исплатени вкупно 121 милион долари, со дополнителни 49 милиони долари преку поединечни спогодби.

135

Извршителите на тестаментот на осудениот финансиер Џефри Епстин се согласија од неговиот имот да се исплатат до 35 милиони долари за решавање на колективната тужба во која неговите двајца блиски соработници се обвинети за помагање и поддржување на трговија со млади жени и малолетнички, се наведува во судски поднесок објавен вчера.

Спогодбата ја објави адвокатската фирма „Боис Шилер Флекснер“ (Boies Schiller Flexner), која ги застапува жртвите на Епстин, во документ поднесен до сојузниот суд во Менхетен. Доколку судот го одобри договорот, со тоа ќе заврши тужбата поднесена во 2024 година против долгогодишниот личен адвокат на Епстин, Дарен Индике и сметководителот Ричард Кан, кои воедно се и извршители на неговиот тестамент.






Претходно веќе беше воспостави фонд за отштета од кој на жртвите од тестаментот им беа исплатени вкупно 121 милион долари, со дополнителни 49 милиони долари преку поединечни спогодби.

Адвокатот на Индике и Кан, Даниел Х. Вајнер нагласи дека неговите клиенти не признале никаква вина во рамките на постигнатиот договор.

– Бидејќи не направија ништо погрешно, извршителите беа подготвени да се бранат на судење, но се согласија на медијација и спогодба за конечно да се решат сите потенцијални барања против имотот на Епстин – наведе Вајнер во писмена изјава.

Тој додаде дека договорот ќе овозможи „доверлив начин за финансиска компензација“ на жртвите кои претходно не ги решиле своите барања.

Џефри Епстин почина во затвор во Њујорк во август 2019 година, додека чекаше судење по обвиненијата за трговија со малолетнички. Неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

Во тужбата од 2024 година се наведува дека Индике и Кан му помогнале на Епстин да воспостави сложена мрежа на компании и банкарски сметки, што му овозможило да го прикрие злоставувањето и да им исплаќа пари на жртвите и посредниците, додека за својата работа биле „богато наградени“.

Адвокатската фирма „Боис Шилер Флекснер“ претходно исто така обезбеди спогодби во вкупна вредност од 365 милиони долари со банките „Џеј-Пи Морган Чејс“ и „Дојче Банк“ кои беа обвинети дека ги игнорирале предупредувачките знаци за активностите на Епстин, иако тој бил нивен профитабилен клиент.

Поврзани содржини