На 4 декември 1990 година е основана компанијата ТД Кадис. која денеска бележи 33 години успешна работа во бизнисот со продажба и сервисирање автомобили.
„Golden Dealer во Европа 2 години по ред, награда за најуспешен ПР и Маркетинг во Европа, награда за општествено одговорна компанија во Македонија, со поддршка за младите и успешни генерации во спортот и културата. освојувајки 2 шампионски титули во кошарка заедно со МЗТ, одлични резултати во женската одбојка, Европското првенство во мечување, организација на хуманитарни тениски турнири за Универзитетската клиника за детски болести Скопје, за Детската кардиохирургија, за Здружение за граѓани за третман на лица со аутизам и многу други донации – тоа е резултат на нашето творештво и успешна работа“, соопштува компанијата.
„Горди на постигнатите успеси продолжуваме и понатаму да создаваме вистински и чесен пат на идните генерации, со исто темпо да бидеме достапни и услужни на нашите корисници. Ви благодариме драги пријатели за вашата доверба во овие полни 33 години“, се вели во пораката од ТД Кадис.