33 ЦИВИЛИ УБИЕНИ ДОДЕКА БАРАЛЕ ХРАНА За еден ден во Газа загинаа 79 Палестинци

Очевидци од теренот сведочат дека израелските сили редовно отвораат оган врз цивили кои се обидуваат да се приближат до дистрибутивните центри за храна. Сцените на хаос, паника и очај секојдневно се повторуваат на местата каде што се раздава хуманитарна помош.

63

Најмалку 79 Палестинци загинаа во последните 24 часа како резултат на израелските воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, соопштија денеска здравствените власти во Газа. Меѓу загинатите, дури 33 лица биле убиени додека се обидувале да стигнат до пунктови за хуманитарна помош, што предизвика нов бран гнев и загриженост кај меѓународната јавност.

Очевидци од теренот сведочат дека израелските сили редовно отвораат оган врз цивили кои се обидуваат да се приближат до дистрибутивните центри за храна. Сцените на хаос, паника и очај секојдневно се повторуваат на местата каде што се раздава хуманитарна помош.






Израелската армија, пак, се брани со тврдење дека нивните војници испукале предупредувачки истрели кон лица кои, според нивната проценка, се приближувале „на сомнителен начин“.

Во посебен инцидент, израелската армија потврди дека седум нејзини војници загинале во вторникот при експлозија на импровизирана направа поставена на едно од нивните оклопни возила. Овој напад, за кој засега никој не презеде одговорност, се случил во северниот дел на Газа и претставува еден од најтешките удари за израелските сили во последните недели.

Поврзани содржини