318 пациенти водат битка со коронавирусот, голем дел се на респиратор
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 181 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 137 лица сомнителни и потврдени за ковид- 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Вкупно 137 пациенти потврдени и сомнителни за ковид се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.