31 починат пациент, 766 новозаразени и 1.118 оздравени
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
„Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од: Скопје – 519, Битола – 101, Куманово – 87, Прилеп – 65, Велес – 54, Струмица – 48, Тетово – 43, Гевгелија – 30, Кичево – 26, Штип – 24, Кочани – 21, Дебар – 15, Гостивар – 14, Свети Николе и Виница – по 9, Ресен и Радовиш – по 8, Берово – 7, Дојран – 6, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Кратово – по 4, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Охрид, Демир Капија и Пехчево – по 1. Пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70, 71 , 76, 76, 78, 79, 80, 80), 4 починати лица од Битола (58, 64, 79 и 84), 3 од Куманово (48, 74 и 68), по 2 лица од Гевгелија (68 и 73), Кавадарци (69 и 80) и Кочани (71 и 73) и по едно лице од Велес (76), Струга (74), Гостивар (61), Дебар (78), Кичево (66), Охрид (71), Прилеп (81), Струмица (59), Тетово (61) и Штип (66). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови“, се вели во соопштението.
Направени се 3.171 тест преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, МАНУ-136, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-171, Биотек-264, Систина-236, лабораторија Лаор-149, Синлаб – 44, Ремедика-53, Плодност – 58, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196.
„Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658“, се вели во соопштението.