308 лица вчера отишле во самоизолација, шестмина ја прекршиле мерката
По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година) на територијата на Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.