300 КОМПАНИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНСФОРМИРАЦИЈА Наскоро ќе биде објавен јавен повик
За таа цел владата планира да потроши 25 милиони евра.
Вкупно 300 компании ќе бидат поддржани со грантови во вкупен износ од 25 милиони евра за енергетска трансформација, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека енергетската трансформација треба да се одвива чекот по чекор за да не се направи штета на индустријата.
– Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик – рече Мицкоски.