30 ЗЕМЈИ САКААТ ЧЕЛЕНСТВО ИЛИ СОРАБОТКА СО БРИКС Се воведува категорија земја-партнер на организацијата

Русија е претседател на БРИКС од 1 јануари, а главна цел е на постоечките членки Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка да им се придружат и нови.

1,619

Меѓународна политичка организација на водечките сили во развој БРИКС  разгледува околу 30 барања од различни земји, кои предлагаат воспоставување на различни форми на соработка, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Лавров најави дека во организацијата ќе биде воспоставена нова  категорија „земји-партнери“.






– Оваа категорија ќе биде детално претставена и од аспект на критериумите и во однос на земјите кои можат да претендираат на неа. Русија, како претседавач, посветува големо внимание на прилагодувањето на новите земји на веќе постоечките форми и традиции на БРИКС – рече Лавров.

Русија е претседател на БРИКС од 1 јануари, а главна цел е на постоечките членки Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка да им се придружат и нови.

БРИКС сега ги вклучува Египет, Индија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија, а Турција изрази желба да се приклучи.

Главната девиза на руското претседателство е зајакнувањето на мултилатерализмот со цел фер глобален развој и безбедност.

Како дел од своето претседавање, Русија ќе биде домаќин на повеќе од 200 политички, економски и јавни настани.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 5-8. јуни.

 

Поврзани содржини