30 козметички производи што не треба да се користат

1,061

 Списанието „60 милиони потрошувачи“  тестирало 160 производи за хигиена и убавина, почнувајќи од гел за туширање до хидратантна крема, вклучително и основа за шминкање, а проблематични се триесет козметички производи во широка продажба, јави дописникот на МИА.

Производителите на козметички производи мора да вложат напори да избегнат употреба на одредени непожелни супстанции во нивните формули и да ги заменат со поздрави, процени списанието „60 милиони потрошувачи“, во својот најнов број.






Брендовите „се уште треба да направат напори за да ги заменат несаканите состојки, кои се надразнувачи или алергени со други, поздрави“, укажува списанието, кое анализираше речиси 160 производи за хигиена или убавина, поделени во 14 категории, што се движат од гел за туширање до паста за заби, вклучувајќи хидратантна крема и основа за шминкање.

Списанието, уредувано од Националниот институт за потрошувачи, ја разгледало секоја супстанција присутна во списокот на состојки на оваа козметика.

Заклучокот е дека  50 производи од изборот се оценуваат безбедни и затоа се препорачуваат. „Помалку од една третина од производите се без проблематична супстанција, што, сепак,  е премалку!“, оценува „60 милиони потрошувачи“.

Спротивно на тоа, повеќе од триесет козметички производи се во црвената категорија, што треба да се забранат, бидејќи содржат ваков вид на супстанции.

Поголемиот дел од оценетите производи спаѓаат во портокаловата, средна категорија. Тоа се производи што потрошувачите можат да ги користат во недостаток на подобри. Меѓу нив, козметиката, што има пет или повеќе алергени супстанции, често пати доаѓа од парфеми или понекогаш од средства за миење и конзерванси.

Геловите и кремовите за туширање главно се класифицираат како портокалови и црвени „затоа што содржат премногу иритирачки и загадувачки алергени и активни супстанци“, објаснува списанието. Пастите за заби, кремите за усни и кремите за лице, исто така, се во овие две категории.

 Но, основите за шминкање, се најпроблематични производи: седум од 12 тестирани се во црвената категорија, нагласува списанието. Тие содржат особено „супстанции за кои постои сомневање дека го нарушуваат хормоналниот систем (БХТ, УВ филтер етилхексил метоксицинанат, итн.) 

Поврзани содржини