30 ГОДИНИ НЕ КОРИСТИ ДЕЗОДОРАНС Метју Меконахи сака да мириса на машко
Сите жени во мојот живот, вклучително и мајка ми, ми кажаа дека мојот природен мирис мириса прво, на маж, второ, на мене, рече актерот.
Брачната двојка Мила Кунис (38) и Ештон Качер (43) неодамна започнаа дискусија за хигиенските навики, откако во подкаст изјавија дека ги капат своите деца само кога се „видно валкани“ и дека дебата веќе трае за некои време.
Оскаровец се приклучи на листата на познати личности кои ги открија деталите за неговата хигиена. Многу од нив не користат и се противат на дезодорансите, а некои дури избегнуваат да се истушираат.
Актерот Метју Меконахи (51) не се противи на туширање како Кунис и Кучер, но тврди дека тој воопшто не користи дезодоранс. Тој зборуваше за тоа за бројни американски медиуми во раните 2000-ти.
– Никаква колонска вода, никаков дезодоранс. Сите жени во мојот живот, вклучително и мајка ми, ми кажаа дека мојот природен мирис мириса прво, на маж, второ, на мене – рече тој.
Тој додаде дека не сака да „мириса на некој или на нешто друго“.
– Се сеќавам кога рече дека не користи дезодоранс, па сакав да го проверам. Не смрди. Мириса на житарици, многу слатко – изјави актерката Ивет Никол Браун (50).
Меконахи гордо избегнува дезодоранс од секаков вид, но инсистира да се грижи за себе и за неговата хигиена. Така, тој изјави дека се тушира неколку пати на ден и ги мие забите до пет пати во еден ден.
Меѓу другите холивудски sвезди кои не користат дезодоранс е актерката Камерон Дијаз (48).
– Антиперспирантите се лоши за телото. Луѓето смрдат затоа што користат антиперспирант, кој ја одржува целата смрдеа – изјави Дијаз во една прилика.
Џулија Робертс (53), Бредли Купер (46) и Кортни Кардашијан (42) исто така избегнуваат дезодоранс. Купер тврди дека телото „се чисти“, Робертс го прави тоа од еколошки причини, а Кортни престанала да користи дезодоранси откако слушнала дека може да биде штетно за време на доењето.
Минатата недела, актерот Џејк Гиленхал (40), исто така, ги шокираше своите обожаватели, велејќи за „Vanity Fair“ дека бања сѐ помалку.
– Мислам дека постои цел свет на не-капачи и мислам дека тоа и помага на кожата, затоа што се чистиме природно – вели тој.
Сепак, нѐ сите холивудски sвезди толку лесно го прифатија овој нов тренд, а многумина, меѓу кои и раперот Карди Би (28) и Двејн Џonонсон (49), изразија конфузија со таквото однесување.