Социјални пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, во текот на вчерашниот ден беа поделени на 30 социјално загрозени домаќинства од Карпош. Оваа хуманитарна акција Општината ја организираше во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ја извршија дистрибуцијата на пакетите со социјална помош.
– Оваа акција е со цел да се олесни живеењето на граѓаните, особено во овој период на пандемија од коронавирусот – велат од Општината.
Пред Велигденските празници Карпош традиционално организираше хуманитарна акција пред сите поголеми маркети на која граѓаните донираа продукти. Но, оваа годиниа со намера да се спречи директен контакт меѓу граѓаните, се одлучиле да ја спроведат акцијата на овој начин.
– Во текот на неделата, се доделени и 50 социјални пакети со храна и средства за хигиена, кои ги донирала компанијата „СМС Шопс ДООЕЛ“ или изминатава недела била доделена поддршка за вкупно 80 домаќинства од Карпош, – додаваат од општина Карпош.