30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЛИЦАТА ОД ТЕТОВСКО КОИ ИСТЕПАА ДЕТЕ ВО „БМВ Х5“ Ќе им бидат поднесени пријави
Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот. Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д., се вели во полицискиот билтен.
Тетовската полиција ги уапси лицата кои насилно втурнаа две лица, меѓу кои и малолетник во „БМВ Х5“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Судија во претходна постапка им одреди 30 дена притвор на 56-годишниот Џ.Д од тетовско Гајре и на 52-годишниот Л.Д. од Тетово.
„На 05.05.2025 во 23.00 часот и на 06.05.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с.Гајре, тетовско и Л.Д.(52) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5″ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.
Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот. Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д“, се вели во полицискиот билтен.