30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ФЕХМИ СТАФА Поранешниот правобранител сакал да поткупи судија

Стафа, инаку е адвокат на лицето кое е во бегство, и кое, како што објавија некои медиуми, е осомничено во случајот „Синџир“.

732

Судот му определи притвор од 30 дена на поранешниот правобранител, Фехми Стафа, кој е фатен како примил мито од 50.000 евра.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека тој во периодот од октомври до 13.12.2025 година примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и со поткуп кон судијата да влијае да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.






На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

Стафа, инаку е адвокат на лицето кое е во бегство, и кое, како што објавија некои медиуми, е осомничено во случајот „Синџир“.

Поврзани содржини