ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ОСУМТЕ ОСОМНИЧЕНИ ЗА УПАДОТ ВО М-НАВ За петмина е одреден куќен притвор

Против ова решение, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, не е дозволено право на жалба.

596

Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека се лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ на 4 јануари.

„Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител“, соопштуваат од Обвинителството.






По упадот во М-НАВ беа приведени четири лица меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ, Беким Незири на кои судот им одреди мерки на претпазливост, но по жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува во мерка куќен притвор. Петтоосомничениот беше приведен подоцна и нему му е определен 30-дневен притвор.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решение со кое жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, соопштија попладнево од Кривичниот суд.

Против ова решение, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, не е дозволено право на жалба.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека  контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

За упадот во зградата на М-НАВ и нападот врз вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор. По жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува мерките на претпазливост, во мерка куќен притвор.

Поврзани содржини