3 УСЛОВИ ЗА БИ-БИ-СИ, ТРАМП БАРА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ Извинувањето не е доволно за шефот на САД

Во писмо испратено на 9 ноември, адвокатот на Трамп, Алехандро Брито, ги навел трите услови за повлекување на тужбата: целосно повлекување на документарецот, јавно извинување и финансиска отштета. Портпаролот на Би-Би-Си кусо изјави дека писмото ќе биде „разгледано навремено“.

507

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на британската јавна телевизија Би-Би-Си со тужба од 1 милијарда долари поради лажно монтиран говор прикажан во документарец од октомври 2024 година.

Контроверзниот клип, емитуван само недела пред претседателските избори во САД, го прикажал Трамп како ги повикува своите поддржувачи на насилни акции во Капитол, што предизвика бурни реакции и оставки на раководството на медиумот.






Во писмо испратено на 9 ноември, адвокатот на Трамп, Алехандро Брито, ги навел трите услови за повлекување на тужбата: целосно повлекување на документарецот, јавно извинување и финансиска отштета. Портпаролот на Би-Би-Си кусо изјави дека писмото ќе биде „разгледано навремено“.

Ситуацијата се продлабочи кога претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, призна „грешка во проценката“ и се извини до јавноста, а оставки поднесоа генералниот директор Тим Дејви и уредничката на вестите Дебора Тернес. Шах призна дека монтажата на говорот оставила „впечаток на повик за насилство“.

Од друга страна, ветеранот Џонатан Димблби за „Скај њуз“ изјави дека Би-Би-Си му должи на Трамп само извинување, додека поранешниот правен дописник Џошуа Розенберг смета дека спогодба е најреален исход за медиумот кој се соочува со правен и морален удар без преседан.

Британската влада сепак застана зад корпорацијата. Портпаролот на британскиот премиер рече дека Би-би-си „мора да ја одржува довербата и веднаш да ги исправи грешките“.

Поврзани содржини