3-МЕСЕЧНО БЕБЕ И ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА Два автомобила се судриле на патот Куманово – Свети Николе
Тешка сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе заврши со петмина повредени, меѓу кои и тримесечно бебе, по судир на 2 патнички возила.
„На 11 август 2025 година, во 11:10 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и од патничко возило „ауди” со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово“, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., 2 негови сопатнички, 25-годишната М.П., 22-годишната К.П. и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово.