3 ГОЛА ВО РИГА, ЗАЦВРСТЕНО ПРВОТО МЕСТО ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ Македонија убедливо ја победи Летонија
Првиот гол за нашата репрезентација го постигна Атанасов во 35. минута, а резервистот Ќамили во 70. минута го удвои водството. Победата ја запечати Елмас со убав гол во 93. минута.
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ја совлада екипата на Летонија на гостувањето со 3:0 (1:0) во дуел од третото коло од Лигата на нациите.
„Жолто-црвените“ остануваат на првата позиција во својата група по оваа победа.
Првиот гол за нашата репрезентација го постигна Атанасов во 35. минута, а резервистот Ќамили во 70. минута го удвои водството. Победата ја запечати Елмас со убав гол во 93. минута.
Македонија по овој меч има 7 бодови. По три дена гостува кај Ерменија во Ереван, а натпреварот почнува од 18 часот. Во првиот натпревар помеѓу двете репрезентации во Скопје нашите фудбалери славеа со 2:0.