3.622 АНТИЧКИ МОНЕТИ НАЈДЕНИ КАЈ 32-ГОДИШЕН АЛБАНЕЦ Патникот е приведен, полицијата најави постапка
В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик“, велат од полицијата.
32-годишниот В.А. од Република Албанија синоќа бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако кај него биле пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност.
Како што информираат од полицијата, при контрола на автобус со албански национални ознаки, кој се движел од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна проверка. Во неговиот багаж полицијата пронашла три кеси со 3622 монети, кои имаат археолошка вредност и се различни по форма, големина, вредност и потекло.
„ Беше извршен службен разговор со В.А. и за случајот бил запознаен и јавен обвинител. На негово барање, монетите биле одземени за понатамошна постапка. В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик“, велат од полицијата.