3.500 ПАРКИНГ МЕСТА И КОНКУРС ЗА РАСАДНИК Што ветува Орце Ѓорѓиевски за Кисела Вода?

За Расадник ќе биде спроведен меѓународен конкурс каде што ќе можат и од земјава, но и од странство да конкурираат со проектно идејно решение и најдоброто решение ќе биде прифатено и ќе се реализира со нормален број на објекти и уште поголем број паркови, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓиевски.

440

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска претстави два крупни проекта поврзани со паркирањето во населбите и урбанизацијата на Расадник.

Ќе направиме нови 3.500 паркинг места кои ќе го решат проблемот со паркирањето на околу 2.500 домаќинства низ нашата општина. Според нашиот проект, ќе направиме монтажни паркинзи, кои ќе ги интегрираме на локации каде е најпотребно сразмерно потребите на граѓаните, и со ова ќе почнеме да решаваме еден од клучните проблеми на сите наши сограѓани овде во Кисела Вода – рече Ѓорѓиевски и додаде дека со тоа проблемот со паркирањето ќе се сведе на минимум и граѓаните веќе нема да кружат со часови за да најдат место.






Вториот проект за кој зборуваше Ѓорѓиевски е меѓународен конкурс за идејно решение за урбанизација на Расадникот во Кисела Вода, место кое актуелната власт сакаше целосно да го бетонизира за провизии.

– Нас не ни се приоритет провизиите и не ни е приоритет да направиме хаос со стотина згради. Нас ни е приоритет рамномерен, плански и развој со многу зеленило. Затоа за Расадник ќе биде спроведен меѓународен конкурс каде што ќе можат и од земјава, но и од странство да конкурираат со проектно идејно решение и најдоброто решение ќе биде прифатено и ќе се реализира со нормален број на објекти и уште поголем број паркови и зеленило како што ѝ доликува на една општина како нашата Кисела Вода – рече Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини