3.500 ХЕКТАРИ ВО ВЕЛЕШКО ЌЕ СЕ НАВОДНУВААТ ОД СИСТЕМОТ „ЛИСИЧЕ“ Се работи на трасата на нов цевковод

Моментално преку постоечкиот цевковод за вода за пиење од ХС„Лисиче“ за земјоделците од овој регион се испушта вода само за околу 1.000 хектари земјоделско земјиште во реонот на селата на Општина Чашка и Горно Оризари, што е недоволно да се задоволат сите потреби на земјоделците од овој регион.

98

Во тек е геодетско мерење за изработка на трасата од проектот за изградба на цевководот за наводнување на земјоделски површини од Хидросистемот„Лисиче“ со кој ќе се наводнуваат околу 3,500 хектари површина во поширокиот велешки регион. Тој ќе биде главен цевковод кој ќе има свои секундарни мрежи. Цевководот за наводнување на земјоделско земјиште од ХС „Лисиче“, ќе започне од селото Лисиче, преку Голозинци, Еловец, населба Чашка, Отиштино, Сливник, Клуковец, Горно Оризари, и ќе  завршува во селото Раштани.

Покрај цевководот за наводнување на браната од хидросистемот „Лисиче“ планирана е и изградба на 3 мали хидроцентрали.






Како што информира за МИА, Ване Маневски директор на ЈПВ „Лисиче“ проектот за наводнување во земјава започна да се реализира уште во 2019 година, но со доаѓање  на актуелната  Влада како нејзин капитален проект  во изминатата година е многу напреднат и забрзано се реализира.

– Мислам дека со овој значаен проект ќе ги задоволиме  сите потреби за наводнување на земјоделците од велешкиот поширок регион, бидејќи системот за наводнување значи развој на земјоделското производство. Водата која е благодет за земјоделците е најважна и значи и поголем принос на земјоделските култури – потенцира Маневски.

Тој очекува овој капитален Владин проект целосно да се реализира во наредните две-три години.

Инаку овој проект за наводнување на земјоделско земјиште од браната од ХС„Лисиче“ на 19 декември 2019 година тогашната Влада во рамките на Програмата за наводнување во земјава го потпиша со германската КФВ банка ,со рок на отплата од 15 години вклучен грејс период од 5 години. Дополнително банката обезбеди грант, а во дел средствата се од Владата.

Инаку со Програмата за наводнување во земјава ќе се опфати површина од 14 илјади хектари земјоделски посеви од кои 3,500 хектари се преку поврзување со  браната од ХС „Лисиче“ во велешкиот поширок регион.
Со програмата за наводнување по долината на реката Вардар се опфатени: Стрниште, Лисиче, Коњско и Пепелиште како и изградба на три мали хидроцентрали на браната од ХС „Лисиче“.

Моментално преку постоечкиот цевковод за вода за пиење од ХС„Лисиче“ за земјоделците од овој регион се испушта вода само за околу 1.000 хектари земјоделско земјиште во реонот на селата на Општина Чашка и Горно Оризари, што е недоволно да се задоволат сите потреби на земјоделците од овој регион.

-Со изградбата на новиот цевковод односно систем за наводнување на земјоделско земјиште од ХС „Лисиче“, водата од сегашниот цевковод од браната „Лисиче“  ќе се користи исклучува за пиење на велешани, појаснуваат од ЈПВ „Лисиче“.

Поврзани содржини