3.000 РАБОТНИЦИ ВО КУЛТУРАТА ОСТАНАА БЕЗ ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН На протест побараа да се почитуваат колективните договори и законите

Од Министерството за култура и туризам соопштија дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена после празниците, а доцнењето било заради усогласување на платите.

519

Синдикатот на културата денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура на кој побараа да се исплатат неисплатените плати и да запрат обидите за непочитување на колективните договори и законите.

Како што беше речено на протестот 3.000 работници во културата беа оставени без пари за Велигден.






-Ние денес не протестираме за луксуз туку за уставно загарантирани права! На оваа отворена протестна седница на Советот на СКРМ во проширен состав бараме да се почитуваат Колективните договори и законите, достоинствени услови за работа и достоинствен однос кон народот којшто е дел од самата култура. Бараме транспарентност и професионално управување со културните институции, ослободени од партиска контрола. Бараме стратегија за развој на културата и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување. Бараме соодветни унапредувања на вработените и валоризација на стручните звања Бараме крај на понижувањето – рече претседателката на СКРМ Вера Атанасовска.

Атанасовска рече дека почитувањето на Колективниот договор за култура кој предвидел усогласување на платите кај сите вработени согласно растот на животниот стандард е проблем.

– И сега имаме ситуација на потпишан, признат и уставно потврден Колективен договор, преќутно, меѓу себе, зад затворени врати, да се прогласува,  за неуставен и незаконски. Тоа не е само административна измама – тоа е правно и морално предавство. Ова не е техничко прашање – ова е удар врз достоинството на секој вработен во културата. Непочитување на колективниот договор е непочитување на човекот – рече Атанасовска која рече дека колективниот договор во културата е изработен според европски терк.

Од Министерството за култура и туризам соопштија дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена после празниците, а доцнењето било заради усогласување на платите.

– Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финансии, информираа од Министерството за култура и туризам.

 

Поврзани содржини