3.000 МЕСЕЧНО ЗА 8 ОСНОВЦИ ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК ВО ЦЕНТАР Герасимовски ја продолжи традицијата

Градоначалникот Герасимовски, заедно со симболични подароци, им ги додели стипендиите на учениците и им посака многу среќа и успеси во учебната година што претстои.

291

Осум деца од семејства со социјален ризик од општинските основни училишта добија стипендии за учебната 2021/2022 година од општина Центар. Стипендистите ќе добиваат по 3000 денари месечно, до крајот на учебната година.

Овие стипендии Општина Центар ги доделува секоја година и со нив, им се олеснува процесот на основно образование на учениците на кои овие средства им се најпотребни, по едно дете од секое општинско основно училиште. 






Доделувањето на стипендиите беше повод за денешната посета на учениците во кабинетот на градоначалникот Герасимовски, кој искористи прилика накусо да ги запознае децата со работата и активностите на општината.

Градоначалникот Герасимовски, заедно со симболични подароци, им ги додели стипендиите на учениците и им посака многу среќа и успеси во учебната година што претстои.

Поврзани содржини