Паднал договор во ДУИ, сите пратеници ќе ја гласаат новата влада
Од потпретседателот на партијата, Изет Меџити, сè уште нема одговор дали тој ќе го даде својот глас за владата, бидејќи тој настојуваше да предложи вицепремиер со што би се истумбала и министерската листа
Сите пратеници на ДУИ ќе ја гласаат новата влада, брифира висок функционер на ДУИ за Плусинфо.
Претходно, партискиот лидер Али Ахмети изјави дека предлог-составот на министрите на ДУИ останува ист и непроменет, а како што додаде, нема нови имиња од неговата партија и покрај неколкуте барања кои ги имаше внатрешноста на партијата.
Од друга страна, пак, од потпретседателот на партијата, Изет Меџити, сè уште нема одговор дали тој ќе го даде својот глас за владата, бидејќи тој настојуваше да предложи вицепремиер со што би се истумбала и министерската листа, односно Бујар Османи во тој случај не би бил министер, а на негово место во Министерството за надворешни работи (МНР) би дошол Артан Груби.