Откако ги напуштија кралските должности, и се преселија во Америка, Меган Маркл и принцот Хари, се свртени кон хуманитарното работење, за кое повеќепати истакнаа, дека тоа ќе им биде една од приоритетните работи.
Меган и Хари деновиве биле забележани во Лос Анџелес, каде што и се наоѓа нивниот нов дом сега, додека волонтирале за потребите на организацијата „Baby2Baby“.
Во сосема опуштено издание, со заштитни маски на лицето, тие подарувале залихи храна, козметика, средства за хигиена и училишна опрема за загрозените семејства. Многумина ја пофалија нивната иницијатива и ангажираност.
Но, веднаш се појавија и критиките, бидејќи наводно, Меган и Хари ангажирале фотограф да ги снима додека тие волонтираат, па веднаш ги осудиле дека тие тоа го прават поради саморекламирање.
Без оглед на тоа, се чини дека Меган и Хари уживаат во новиот живот, далеку од кралските должности и протоколи, и се слободни да се занимаваат со своите активности.
FOTO: Instagram