29 ПАЦИЕНТИ ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО БОЛНИЦА ВО ПЕКИНГ Властите приведоа 12 лица кои ја реновирале болницата

Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг на прес-конференција изјави дека се приведени и претставници на компанија што ја реновирале болницата.

75

Дванаесет лица се приведени во врска со пожарот во кој загинаа 29 луѓе во болница во Пекинг, вклучително и директорот на установата, соопшти градската полиција.

Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг на прес-конференција изјави дека се приведени и претставници на компанија што ја реновирале болницата.






Државната телевизија јави дека прелиминарната истрага открила дека пожарот бил предизвикан од „искри генерирани за време на внатрешното реновирање и изградбата на стационарното одделение на болницата“.

Поврзани содржини