29 лица не го почитувале полицискиот час, скопјани најнепослушни

209

Дваесет и девет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во периодот од 22 до 5 часот, а 18 од нив биле на територијата на Скопје, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци.






Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани содржини