287 деца со попреченост ќе добијат стипендии
Проектот се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ од Тетово, како и со Министерството за образование и наука.
Вкупно 287 ученици со попреченост кои се запишани во прво и второ одделение оваа учебна година ќе добијат стипендии, со цел нивна рамноправна вклученост во училиштата, но и поддршка на нивните семејства. Ова е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, а заложбата е сите ученици да бидат еднакво инклузивни во општеството, без оглед на нивната способност.
Проектот се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ од Тетово, како и со Министерството за образование и наука.
Проектот е финансиран од Европската Унија, и ќе трае три години. Почна во септември годинава, ќе заврши во август 2023 година.
Елена Мишиќ од Фондацијата Чекор по Чекор и лидер на проектот посочи дека првата главна цел е да им се помогне на сите ученици без оглед на видот на нивната попреченост, без разлика дали се работи за физичка, сетилна или интелектуална попреченост, да се вклучат во образование и да ја подобрат својата редовност.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска рече дека сите сакаме да живееме во совршено општество но до тоа општество треба да стигнеме со заеднички напори и заедничка грижа на системите кои функционираат, за да тие можат да обезбедат квалитет каков што посакуваме.