280 празни кревети за болни од ковид-19 има во инфетивните оддели на болниците во земјава

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лечат 1197 пациенти со ковид-19.

274
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1197 и има околу 280 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.





– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 56 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни  на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 88 во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 20, Кавадарци 50,  во  Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни  и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти- информира Министерството.
Поврзани содржини