28 автобуси за меѓуградски превоз возеле со неисправни сопирачки

305

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше 28 возила, кои вршат меѓуградски превоз на патници.

Како што информираа денеска од МВР, 23 се санкционирани поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности.






– Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.

Поврзани содржини