272 мртви фоки на брегот на Каспиското Езеро

Истрагата ќе продолжи со цел да се утврдат причините за големиот број мртви животни, а Волга-Каспискиот отсек во моментов ги испитува можните причини.

314

Специјалните служби на руската државна агенција за риболов во Дагестан пронајдоа 272 угинати фоки на бреговите на Каспиското Езеро во периодот од 6 до 10 декември, објави прес-службата на агенцијата.

Сè уште се истражуваат причините за смртта на животните.






– Од 6 до 10 декември, пронајдовме 272 фоки. Експертите ја пребаруваа областа од Махачкала до Сулак (на север) и од Махачкала до Самур (на југ), ги изброивме една по една. Не е исклучено да има уште насукани фоки – рече претставникот на руската државна агенција, додавајќи дека повеќето мртви фоки биле пронајдени меѓу Махачкала и устието на реката Сулак.

Истрагата ќе продолжи со цел да се утврдат причините за големиот број мртви животни, а Волга-Каспискиот отсек во моментов ги испитува можните причини.

Првично, прес-службата на државната агенција за риболов како можна причина за смртта го наведе можното присуство на вируси или бактерии поради неповолните услови во езерото.

Касписката фока е единствениот цицач кој живее во Каспиското Езеро и во 2008 година е прогласена за загрозен вид.

Поврзани содржини