27 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ИЗМАМЕНИ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 140.000 ЕВРА Масовна измама во Пелагонија со откуп на жито

Како што информира МВР, првопријавениот Д.Н. (30) од село Долно Оризари, како управител во двете правни лица, заедно со второпријавениот П.Н. (57) од село Путурус, сопственик на истите фирми, во текот на 2023 и 2024 година убедувале земјоделци од Пелагонија да им ја предадат својата жетва со ветување дека ќе бидат исплатени во договорен рок.

9,784

Основното јавно обвинителство Битола отвори предистражна постапка против две физички и две правни лица по кривична пријава поднесена од СВР Битола. Според пријавата, осомничените со лажни ветувања за исплата успеале да измамат вкупно 27 лица, од кои 25 земјоделци и две превозни фирми, при што се стекнале со противправна имотна корист од 141.650 евра.

„Постапката е во почетна фаза и се преземаат сите потребни дејствија за обезбедување докази. Согласно пријавата, осомничените со намера за прибавување имотна корист ги довеле во заблуда оштетените, преземајќи житна култура без да ја платат“, соопштија од полицијата.






Како што информира МВР, првопријавениот Д.Н. (30) од село Долно Оризари, како управител во двете правни лица, заедно со второпријавениот П.Н. (57) од село Путурус, сопственик на истите фирми, во текот на 2023 и 2024 година убедувале земјоделци од Пелагонија да им ја предадат својата жетва со ветување дека ќе бидат исплатени во договорен рок.

Сепак, откако земјоделците и двете транспортни компании ја исполниле својата обврска, осомничените не извршиле ниту една исплата.

Поврзани содржини