27.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ МОРАЛЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ГЕРМАНИЈА Причина за тоа била ниската плата

Лани германската Агенцијата за вработување одбила 90.000 барања за вработување странски работници, а во 27.000 случаи образложението било дека платата не е доволна согласно член 39 од Законот за престој (со кој странците се штитат од полоши услови од домашните работници). Тоа е 75% повеќе отфрлања од 2023 година.

13,224

Минатата година, околу 27.000 странски работници кои веќе имале договори за квалификувани работни места ја напуштиле Германија, бидејќи германската Агенција за вработување проценила дека нивните плати не се доволно високи, што било повод да не добијат работна дозвола.

Ваквата состојба е честа иако германските компании имаат потреба од работна сила која сакаат да ја обезбедат од странство. За главен виновник за состојбата се посочува бирократското однесување на  Агенцијата за вработување (Bundesagentur für Arbeit) која се придржува кон законот за престој кога се утврдува висината на платата. Агенцијата дава мислење дали се исполнети условите странецот да се вработи врз основа на официјалниот регистар на плата (Entgeltatlas)  кој е клучна алатка за одредување на минималните плати. Ова мислење го користи Агенцијата за миграција при давањето работна дозвола.






Правниците кои ги консултирал Феникс Магазин за подготовка на текстот, предупредуваат дека тоа води до непотребни одбивања и дополнително го отежнува вработувањето на странски експерти.

Познавачите на состојбите велат дека „Entgeltatlas“ – клучна алатка за одредување на минималните плати – ги покажува просечните вредности, а не реалните приходи на одредени фирми. Па, така фирмите кои даваат пониски плати не можат да вработат странци.

Лани германската Агенцијата за вработување одбила 90.000 барања за вработување странски работници, а во 27.000 случаи образложението било дека платата не е доволна согласно член 39 од Законот за престој (со кој странците се штитат од полоши услови од домашните работници). Тоа е 75% повеќе отфрлања од 2023 година.

Енгелхард Мазанке, директор на Агенцијата за миграција во Берлин вели дека на тој начин институциите  создаваат само трошоци, фрустрации и се прави невозможна интеграцијата на странците.

 

Поврзани содржини