26 јули, една ненаучена лекција
Македонците се народ со многу кратко паметење, ама затоа се горди Македонци и во гради се удираат за секакви глупости. За разлика од нас, мудрите народи градат и создаваат хумани простори за живеење и го облагородуваат амбиентот.
Тие што загинаа Бог да ги прости. Оние што преживеаја, одново го изградија. Нивните деца пак го упропастија, претворајќи ја секоја зелена површина во зграда и креирајќи една комплетно супстандардна дистопија и крајно нехуман амбиент за живеење.
Лекцијата не е научена. Македонците се народ со многу кратко паметење, ама затоа се горди Македонци и во гради се удираат за секакви глупости.
За разлика од нас, мудрите народи градат и создаваат хумани простори за живеење и го облагородуваат амбиентот.
На овие наши простори мудроста не вирее, а алчноста орото го води. Сè се гледа низ призмата на парите, иако така не смее и не треба. Има нешто многу поголемо од профитот, ама рудиментираната свест на малите “дил ориентед” човечиња тоа не може да го види.
Од нивната жабја перспектива не се гледа ништо освен жабокречината што самите ја создаваат.
Пријатен 26 јули и вечнаја памјет.
(ФБ статус на авторот)