26 починати и 530 новозаболени во последните 24 часа
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.425, бројката на оздравени пациенти е 58.720, на починати е 2.427, а бројот на активни случаи изнесува 20.278.
Дваесет и шест лица починаа, а 530 се новозаболени од ковид-19 во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1.999 тестирања, а регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 229, Куманово 37, Штип 10, Прилеп 37, Тетово 5, Струга 13, Велес 14, Битола 24, Охрид 28, Кавадарци 32, Гостивар 13, Гевгелија 9, Струмица 18, Крива Паланка 7, Радовиш 4 Крушево 1, Кочани 5, Демир Хисар 1, Пехчево 8, Берово 2, Валандово 3, Виница 2, Кратово 3, Свети Николе 1, Кичево 4, Ресен 8, Неготино 12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83), еден од Куманово (69), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71), еден од Тетово (53), три од Струга (56, 84 и 81), двајца пациенти од Битола (62 и 74), тројца од Охрид (66, 65 и 79), двајца од Гостивар (68 и 82), двајца од Струмица (74 и 62) и еден пациент од Делчево (56). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.425, бројката на оздравени пациенти е 58.720, на починати е 2.427, а бројот на активни случаи изнесува 20.278. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 35.148, активни 11.519
Куманово 4.642, активни 578
Дебар 605, активни 118
Штип 3.250, активни 313
Прилеп 4.114, активни 649
Тетово 4.691, активни 905
Струга 1.985, активни 357
Велес 2.694, активни 526
Битола 2.971, активни 627
Охрид 2.350, активни 599
Кавадарци 2.042, активни 583
Гостивар 3.336, активни 612
Гевгелија 1.121, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 сестрански државјани)
Струмица 2.255, активни 636
Крива Паланка 597, активни 119
Радовиш 602, активни 124
Крушево 161, активни 71
Кочани 1.574, активни 252
Пробиштип 440, активни 47
Демир Хисар 232, активни 39
Македонски Брод 210, активни 27
Пехчево 145, активни 26
Берово 487, активни 51
Валандово 299, активни 67
Виница 440, активни 67
Делчево 662, активни 205 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 192, активни 24
Свети Николе 1.031, активни 121
Кичево 1.549, активни 254
Ресен 625, активни 140
Неготино 975, активни 326 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 1.999 теста се преку: ИЈЗ 465, ЦЈЗ Скопје 85, Авицена 160, Биотек 175, МАНУ 149, Клиника „Жан Митрев“ 93, Аџибадем Систина 125, лабораторија Лаор 58, Судска медицина 0, ЦЈЗ Битола 55, Инфективна клиника 6, ГАК 0, Синлаб 20, Ремедика 36, лабораторија болница Козле 18, ЈЗУ (рапид тест) 553, УК Пулмологија со алергологија 1, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 392.376 тестирања на ковид-19.