26 починати, 324 новозаразени и 1.178 оздравени пациенти
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.
„Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од: Скопје – 575, Куманово – 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18, Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3, Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран – 1. Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (52, 59, 63, 66, 71, 77, 80 и 83), по 2 починати лица од Куманово (77 и 86), Прилеп (73 и 83) и Гостивар (62 и 69) и по 1 починато лице од Велес (78), Кавадарци (75), Охрид (73), Штип (67), Струмица (65), Кочани (68), Кичево (71), Ресен (77), Радовиш (65), Берово (75), Делчево (57) и Валандово (72). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови“, се вели во соопштението.
Направени се 2.660 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-15, Институт за микробиологија–75, МАНУ-105, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-232, Биотек-525, Систина-142, лабораторија Лаор-138, Синлаб-31, Ремедика-38, Плодност–27, Генеа–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 689.
„Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874“, се вели во соопштението.