26 МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ЖУРКАЛЕ И ПОСЛЕ ПОЛНОЌ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ Од нив 14 биле пијани

0

При контрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати биле 26 малолетници после полноќ, а 14 од нив биле под дејство на алкохол, соопшти полицијата.

На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршиле контрола во угостителски објект во Свети Николе.






При контролата, во угостителскиот објект биле затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 биле под дејство на алкохол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Поврзани содржини