📷 250 ТОПЛИ ОБРОЦИ И ПОРАКА ЗА СОЛИДАРНОСТ Орце Ѓорѓиевски, неговата сопруга и Рози Мицкоска со хуман гест за најранливите

Во пресрет на празникот, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со хуманитарни партнери подели над 250 топли оброци и најави редовна поддршка за бездомниците.

2,935

Во пресрет на најубавиот христијански празник, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, испратија силна порака за хуманост и солидарност, посветувајќи го денот на грижа за најранливите категории граѓани.

Со заеднички ангажман и поддршка од познатиот готвач Марк Де Јонг и ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, беа подготвени повеќе од 250 топли оброци, кои потоа беа поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст – место каде, како што велат организаторите, секој оброк значи надеж, а секој гест – човечка грижа.






Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека хуманоста не смее да биде исклучок, туку постојана обврска на општеството.

– Во време кога дел од нашите сограѓани се соочуваат со сериозни животни предизвици, наша човечка и општествена должност е да подадеме рака. Хуманоста не е избор, туку темел на едно солидарно и праведно општество – изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ваквите хуманитарни активности нема да останат само симболичен празничен гест.

– Со директорот на училиштето и со Марк Де Јонг се договоривме оваа хумана пракса да продолжи најмалку четири пати месечно, за да помогнеме на што поголем број сограѓани. Дополнително, ќе работиме и на обезбедување достоинствена работа за овие лица, како чекор кон полесно надминување на животните потешкотии – нагласи градоначалникот.

Од Град Скопје порачуваат дека ќе продолжат со вакви иницијативи, уверени дека токму малите дела на добрина имаат најголема моќ да внесат надеж и топлина, особено во пресрет на големите празници.

Поврзани содржини