25 ЗЕМЈИ ГО ЗАПРЕА ПОШТЕНСКИОТ СООБРАЌАЈ СО САД Меѓу нив се Хрватска и Босна и Херцеговина
Одлуката следува по објавувањето на администрацијата на Трамп минатиот месец за укинување на глобалното ослободување „de minimis“, кое дозволуваше пратки во вредност до 800 долари да се испраќаат со минимална документација.
Агенцијата на ОН задолжена за поштенскиот сектор денес објави дека 25 земји-членки го зпреле испраќањето стока во САД поради неизвесност откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп го укина третманот „de minimis“ без царина за поштенски пратки. Новата мерка стапува на сила на 29 август.
Светскиот поштенски сојуз (UPU) со седиште во Швајцарија, кој ги обединува 192 земји, соопшти дека писмено пред два дена ја искажал својата загрижност за прекинот во меѓународниот поштенски сообраќај до државниот секретар на САД, Марк Рубио.
Не е прецизирано за кои земји станува збор, но Австралија, Норвешка, Швајцарија и Хрватска веќе јавно објавија дека престануваат да испраќаат пратки во САД. И поштенските оператори во Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги BH Post и Pošte Srpska, ги информираа корисниците дека привремено ги суспендираат пратките до САД.
Претходно, бројни европски оператори, вклучувајќи го и германскиот DHL, објавија привремено суспендирање на повеќето испораки до Америка.
Одлуката следува по објавувањето на администрацијата на Трамп минатиот месец за укинување на глобалното ослободување „de minimis“, кое дозволуваше пратки во вредност до 800 долари да се испраќаат со минимална документација.