25-ГОДИШНА ОХРИЃАНКА СЕ КРИЕЛА ОД ПОЛИЦИЈАТА ВО СКОПСКО КАТЛАНОВО Сторила кривично дело „тешка кражба“

За неа била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело тешка кражба, соопшти МВР.

1,057

Синоќа во 21.40 часот во с.Катланово-скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(25) од село во охридско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„За неа била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело тешка кражба. Таа ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини