25 ГОДИНИ СО ГРУПАЦИЈАТА НИКОБ Ковачевски ја посочи како пример за развој на човечки капитал

Сопственикот на групацијата Никоб, Кирил Лазаров, информира дека неколку години по ред се фирма која е една од најголемите работодавачи со домашен капитал во државата и дека денес Групацијата има повеќе од 2.600 вработени.

599

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети ПЗУ Никоб медикал и Никоб лаб во рамки на Групацијата Никоб. Посетата е по повод 25 години од основањето на Никоб обезбедување, пет години од основањето на Центарот за кеш услуги, една година од основањето на Никоб медикал и една година од основањето на Никоб лаб.

Ковачевски истакна дека инвестициите на оваа компанија во приватната здравствена заштита се направени во екот на светската здравствена криза со ковид-19.






– Инвестициите како оваа денес и развојот на домашните компании се двигател на националната економија и се возможни како резултат и на заложбите на Владата, насочени кон создавање услови за развој на приватниот сектор, но и овозможување услови младите својата иднина да ја градат тука, дома во компании кои се посветени да придонесат кон економскиот развој на државата, но и да вложат во развој на човечкиот капитал – нагласи Ковачевски.

Премиерот потсети дека во услови на пандемија со шесте пакети антикризни мерки, кои се проценети на околу 1,2 милијарди евра, се сочувани околу 80.000 работни места и се поддржани повеќе од 20.000 компании. Според него, невработеноста во четвртото тромесечие од 2021 година е на најниско ниво во независна економска историја и изнесува 15,2 отсто. Стапката на вработување, како што рече, се предвидува да се зголеми на 54,3 отсто во 2026 година, а стапката на невработеност првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година.

Тој порача дека со заедничка и посветена работа на Владата, коморите, синдикатите и експертската јавност и со поддршка на меѓународните институции реализацијата на овие планови, како што рече, ќе се озвоможи севкупен економски развој на државата, но и заштита на стандардот на граѓаните.

Сопственикот на групацијата Никоб, Кирил Лазаров, информира дека неколку години по ред се фирма која е една од најголемите работодавачи со домашен капитал во државата и дека денес Групацијата има повеќе од 2.600 вработени. Тој соопшти дека последните три години инвестирале околу 15 милиони евра во сите четири правни субјекти и во опрема, човечки капитал, млади доктори, медицински персонал, стипендии, објекти,системи, возен парк… Групацијата Никоб е со годишен обрт од околу 30 милиони евра.

Лазаров изјави дека со премиерот Ковачевски разговарале за идните инвестициски планови во медицината, зајакнување на капацитетите за обезбедување со примена на нови технологии и системи…

Поврзани содржини