24 починати, најмладиот има 32 години, новозаразени се 323
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754, соопшти Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
„Регистрирани се 714 оздравени пациенти од: Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1. Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32, 53, 68, 71, 73, 83, 87 и 87), 4 починати лица од Битола (72, 73, 81 и 82), по 2 од Струмица (71 и 71), Прилеп (72 и 80) и Куманово (62 и 72), и по 1 починато лице од Штип (87), Тетово (75), Гостивар (64), Кочани (64), Охрид (72) и Струга (71). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови. Направени се 2.928 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–13, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–0, МАНУ-147, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-253, Биотек-258, Систина-243, лабораторија Лаор-273, Синлаб-59, Ремедика-50, Плодност–47, Генеа–25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 792“, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на ковид-19.
„Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754“, соопшти Министерството за здравство.