Во последните 24 часа направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје има 882 новозаболени, во Битола 87, Куманово 75, Тетово 69, Кавадарци 66, Велес 63, Охрид 56, Прилеп и Струмица по 48, Гостивар 36, Гевгелија 33, Неготино 29, Штип 28, Кочани 26, Кичево 24, Радовиш 20, Валандово 17, Богданци 16, Струга и Крива Паланка по 14, Ресен 12, Виница 9, Свети Николе и Делчево по 8, Демир Капија и Пехчево по 5, Кратово и Македонски Брод по 4, Пробиштип 3, Дебар и Демир Хисар по двајца и по еден нов случај во Македонска Каменица и во Дојран.
Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција. Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26 јануари до 01 февруари.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.811 тестови преку: ИЈЗ-469, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-193, Биотек-222, Систина-70, лабораторија Лаор-98, Синлаб-43, Ремедика-25, Плодност-41, Генеа-15, Никоб Лаб-429, ВФВ Медикал-78, Ели Медика-31, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.290.
Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.