24-ГОДИШНА РАДОВИШАНКА ЗАГИНА КАЈ СИТИ МОЛ Возило удрило во неа додека минувала на пешачки (ОБНОВЕНО)
Од МВР за Плусинфо го потврдија овој немил настан, оттаму засега информираат дека во несреќата животот го загубило женско лице, откако во неа удрил автомобил кој бил управуван од 22-годишниот Ј. Ѓ.
Страшна сообраќајна незгода се случила вечерва на булеварот Партизански одреди кај Сити мол кога на пешачкиот премин загина млада девојка откако била прегазена од автомобил, а уште едно лице кое потешко е повредно е пренесено во ГОБ 8-ми септември.
Неофицијално во несреќата животот го загубила 24-годишна девојка (В.Н) која во моментот на преминување на пешачкиот премин во неа удрил бел автомобил „Цитроен“, а од здобиените повреди девојката починала на самото место.
Од МВР за Плусинфо го потврдија овој немил настан, оттаму засега информираат дека во несреќата животот го загубило женско лице, откако во неа удрил автомобил кој бил управуван од 22-годишниот Ј. Ѓ.
– На 20.01.2022 год во 19.44 часот е пријавено е дека на ул. Московска со бул. Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место – информираат од МВР,
Полицијата моментално е на терен и врши увид на местото на несреќата, а повеќе информации за овој настан најавуваат во текот на утрешниот ден.