📷 24-ГОДИШЕН ФУДБАЛЕР ПОЧИНА НА ТЕРЕН Трагичен настан во боливискиот клуб Реал Санта Круз

Клубот соопшти дека Гиљермо Денис Белтран починал од респираторна инсуфициенција, неговите соиграчи рекоа дека Белтран почувствувал мачнина и набргу потоа паднал на земја.

577

24-годишниот колумбиски фудбалер Гиљермо Денис Белтран почина за време на тренинг на неговиот клуб Реал Санта Круз од Боливија.

Клубот соопшти дека Белтран починал од респираторна инсуфициенција. По трагичниот настан неговите соиграчи рекоа дека Белтран почувствувал мачнина и набргу потоа паднал на земја. Клупските лекари повикале брза помош, која се обидела да го реанимира, но безуспешно.






-Тренираше како и обично, а потоа колабираше. Се обидоа да го реанимираат, но тој почина додека беше префрлен во болница – изјави менаџерот на Санта Круз, Адолфо Сорија Галваро.

Претседателот на Фудбалската федерација на Боливија, Фернандо Коста изрази сочувство до семејството и рече дека ќе го поддржи клубот и семејството на починатиот фудбалер.

Поврзани содржини