24 ЧАСА МАКЕДОНСКА МУЗИКА Денеска стартува интернет радиото СамоМк
Од денеска СамоМк Радио ќе биде верен придружник на македонската забавна музичка сцена и на македонските музичари.
Од денеска почна со работа новата радио станица СамоМк Радио, која ќе ги забавува слушателите 24 часа со македонска музика.
– СамоМк Радио ќе биде верен придружник на македонската забавна музичка сцена и на македонските музичари сѐ со цел да се зачува и промовира една од највредните работи што го обележува секој народ: неговата музичка баштина. СамоМк е радиото што ќе се грижи и ќе ја чува македонската музика – велат основачите.
СамоМк Радио ќе можете да го слушате на веб страната https://samomk.mk/ или преку бесплатна апликација за андроид уредите, а наскоро ќе има и за iOS.