23 МРТВИ, МЕЃУ КОИ И ДЕЦА ВО ПОЖАР ВО МЕКСИКО Се запали продавница за производи „за еден долар“

Единаесет лица се хоспитализирани со изгореници.

184

Дваесет и три лица го загубија животот синоќа во пожар во северозападниот дел на Мексико, објави ДПА, повикувајќи се на гувернерот на државата Сонора, Алфонсо Дуразо.

Меѓу загинатите има и деца.






Пожарот избувнал во објект каде се продаваат производи „за еден долар“ од синџирот „Валдо“ во градот Хермосиљо, во државата Сонора, соопштија светските агенции.

Единаесет лица се хоспитализирани со изгореници. Во видео порака, Дуразо објави дека наредил „темелна“ истрага за да се разјасни причината за пожарот и кој е одговорен за него.

Поврзани содржини