22 ПОЧИНАТИ И 1.250 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 Најмладиот починат има 38 години

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.

1,135

Во последните 24 часа се направени 8.192 тестирање, а регистрирани се 1.250 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 265 оздравени пациенти и пријавени се 22 починати лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 421, Гостивар 192, Тетово 133, Куманово 80, Струмица 67, Кичево 62, Струга 53, Охрид 38, Прилеп 25, Битола 23, Дебар 19, Кавадарци 15, Велес 13, Штип 12, Свети Николе 11, Радовиш и Валандово по 10, Кочани и Берово по 9, Гевгелија и Ресен по 8, Кратово 6, Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица по 4, Делчево, Виница и Македонски Брод по 3, Неготино и Демир Хисар по 2, Богданци  1.






Регистрирани се 265 оздравени пациенти од: Скопје 84, Гостивар 44, Тетово 43, Куманово 18, Струмица 15, Дебар 12, Кичево 11, Берово 9, Кавадарци 5, Прилеп, Битола и Велес по 4, Штип 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод по 2, Неготино, Крива Паланка и Радовиш по 1.

Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51, 66 , 69 , и 72 ), и Тетово (38, 71 , 72  и 77 ), 3 починати лица од Гостивар (57, 72 ги 80 ), по 2 починати лица од Охрид (69 и 85 ), Струга (66 и 73 ), Кичево (47 и 83 ) и Дебар (67 и 84 ), по едно починато лице од Куманово (64), Велес (47) и Валандово (76).

Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 8.192 тест преку: ИЈЗ 368, ЦЈЗ Скопје 78, ЦЈЗ Битола 80, ЦЈЗ Прилеп 73, ЦЈЗ Тетово  182, ЦЈЗ Куманово 68, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 2, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ „8 Септемвр“0, Институт за микробиологија  157, Жан Митрев 137, Авицена 541, Биотек 553, Систина 170, лабораторија Лаор 948, Синлаб 190, Ремедика 29, Плодност 97, Генеа 29, Никоб лаб 1.065, ВФВ Медикал 128, Ели Медика 116, Ројал Медика 96, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 3.080.

Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 72.688, активни 3.421, Куманово 9.683, активни 656, Прилеп 8.488, активни 141, Тетово 9.380, активни 1.754, Битола 6.540, активни 187, Велес 5.599, активни 107, Гостивар 6.999, активни 1.518, Кавадарци 5.287, активни 102, Охрид 5.309, активни 284, Штип 5.083, активни 109, Струмица 4.670, активни 481, Струга 3.297, активни 308, Кочани 2.896, активни 88, Кичево 3.232, активни 524, Гевгелија 2.237, активни 40, Неготино 2.194, активни 9, Свети Николе 1.584, активни 52, Ресен 1.319, активни 83, Крива Паланка 1.240, активни 10, Радовиш 1.241, активни 61, Берово 1.104, активни 52, Делчево 999, активни 22, Дебар 1.182, активни 173, Виница 923, активни 33, Пробиштип 802, активни 13, Валандово 716, активни 35, Богданци 506, активни 12, Крушево 496, активни 6, Демир Хисар 408, активни 8, Демир Капија 400, активни 3, Кратово 411, активни 34, Македонски Брод 403, активни 37, Пехчево 287, активни 10, Македонска Каменица 254, активни 5, Дојран 134, активни 2.

Поврзани содржини