22 НОЕМВРИ ИМА СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА АЛБАНЦИТЕ Пендаровски го честиташе Денот на албанската азбука

Унифицирањето на албанската азбука кое се случи пред 113 години во Битола не беше само пресвртен момент во кодифицирањето на албанскиот јазик и негово етаблирање, туку и клучен културен, духовен и национален потфат на албанскиот народ, напиша претседателот Стево Пендаровски во честитката.

185

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

„Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука. Најискрено ви посакувам празникот да го минете, пред сè, во добро здравје, радост и благосостојба. Унифицирањето на албанската азбука кое се случи пред 113 години во Битола не беше само пресвртен момент во кодифицирањето на албанскиот јазик и негово етаблирање, туку и клучен културен, духовен и национален потфат на албанскиот народ. Оттука, 22 Ноември има суштинско значење за Албанците и не е само нивен национален празник, туку датум кој со пиетет го чествуваат сите граѓани во нашата мултикултурна и мултиетничка Република Македонија. Живееме во навистина комплексно и неспокојно време. Токму сега треба да покажеме дека сплотеноста, солидарноста, меѓусебното уважување и почитување, ќе продолжат да бидат наш сигурен бедем пред сите предизвици и тешкотии кои ги живееме. Да не губиме волја и надеж и да работиме за просперитетот и за благосостојбата на сите наши граѓани. Честит 22 Ноември“, се наведува во честитката на Пендаровски.

Поврзани содржини